Јуанг Џиминг, директор на Институтот за вирологија во Вухан, каде беше првото жариште на епидемијата на новиот коронавирус, ги негираше тврдењата на дел од американските медиуми дека токму таа лабораторија е можен извор на заразата.
„Невозможно е тој вирус да дошол од нас. Јасно знаеме кои видови истражувања се спроведуваат во Институтот и како се управува со вируси и примероци“, изјави Јуанг во интервју за државната телевизија.
Институот има една лабораторија P4 каде се чуваат примероци од најопасните вируси кои се пренесуваат од човек на човек, како што е ебола, која, според директорот, е под најстрого обезбедување.