![voena vezba kina shenzen](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/b61ceade-adf8-4792-a7d9-d5614ebbcadd.jpg?resize=650%2C365&ssl=1)
Стотици припадници на кинеската Народна вооружена полиција (PAP) се забележани како изведуваат вежби на стадионот во Шенжен, град на границата со Хонгконг, а американскиот Стејт департмент изрази загриженост дека би можеле да бидат испратен во оваа автономна област за да ги задушат тамошнмите повеќеседмични протести.
Меѓутоа, за разлика од Стејт департментот, западни и азиски дипломати во Хонгонг тврдат дека Пекинг нема намера ниту волја да испрати на улиците на градот припадници на Народна вооружена полиција (PAP) или на Народносолободителната војска (PLA).
Во четвертокот било забележано дека на стадионот во Шензен се одржуваат вежби, а новинарот на агенцијата Reuters кој се наоѓал во близината склушнал извици и звуци од свирчиња. Паркингот околу стадионот бил исполнет со стотина воени возила, вклучително и со камиони за транспорт на трупи, блиндирани автобуси и џипови, како и со возила со водени топови.
Западните медиуми наведуваат дека и кинеските државни медиуми неколкупати ја споменале вежбата во Шензен. Весникот на англиски јазик The Global Times, кој на Западот се смета за нациионалистички таблоид поврзан со кинеската Комунистичка партија, објавил видеоснимка од воени возила како влегуваат во градот. Весникот уште пишува дека возилата пристигнале поради „вежби со големи размери“, а уредникот Ху Ксиџин на Twitter напиша дека тоа претставува „јасна порака за демонстрантите во Хонгконг“.
Стејт департментот во четвртокот објави дека е многу загрижен поради извештаите за наводното трупање кинески сили во близина на административната граница со Хонгконг. Странските дипломати во Хонгконг, пак, тврдат дека кинеските челници се свесни дека воведувањето војска во овој автономен регион би ја уништило меѓунардоната доверба во моделот „една држава, два систаме“, које клучен за улогата на Хонгконг како светски финансиски центар, како и дека тоа набрзо би довело до санкции.