Кинески клуб му нуди богатство на Марио Манџукиќ

Фудбалерот на калчолигашот Јувентус, Марио Манџукиќ, доби предлог за двегодишен договор од кинескиот Гвангжу Фули. За ова време, 33-годишниот Хрват може да заработи девет милиони евра, пишува „Газета дело Спорт“.

Претходно беше објавено дека Јувентус е подготвен да го продаде својот напаѓач во зима за пет милиони евра.

Според пишувањата во италијанските медиуми, Манчестер Јунајтед и Интер се заинтересирани за Хрватот, но засега нема официјална понуда.

Манџукиќ не е вклучен во плановите на тренерот на Јувентус, Маурицио Сари. Хрватот не само што остана надвор од натпреварите во ЛШ, туку и не тренираше со екипата од Торино.