Кинескиот производител на автомобили „Zhejiang Geely“ првпат успешно во ниската орбита на Земјата лансираше девет сателити коишто ќе ја поврзат сателитската мрежа за да осигури попрецизна навигација на автономните возила.
Сателит GeeSAT-1 е лансиран во средата од центарот Ксичанг во Сечуан. Од компанијата соопштија дека очекуваат до 2025 година во орбитата да лансираат уште 63 сателити, а на крајот нивната констелација би требало да брои 240 сателити.
Така „Zhejiang Geely“ стана вториот произведувач на автомобили во светот кој своите активности ги прошири во Вселената. Американската „SpaceX“, во сопственост на извршниот директор на производителот на електрични автомобили „Tesla“ на Илон Макс, во орбитата има повеќе од 2.000 сателити за мрежата „Starlink“ која нуди комерцијални интернет услуги. Во „Starlink“ планира да го зголеми нивниот број во мрежата од првата генерација на 4.408 сателити.
Додека „SpaceX“ ги лансира сателитите со сопствени ракети, „Zhejiang Geely“ во средата ги лансираше со ракетата „Long March 2C“ којашто ја развил и со која управува кинеската државна вселенска компанија.
Освен пружањето на поддршката за прецизно позиционирање на автономно управуваните автомобили, „Zhejiang Geely“ соопшти дека неговата мрежа ќе служи и за други комерцијални функции, како што е пружањето на комуникациските услуги на Азиските игри во септември.
Овие сателити имаат работен век од пет години и ќе се распаднат во атмосферата на Земјата, што значи дека во Вселената нема да се претворат во вселенски отпад, соопшти компанијата.
Војската во Кина доминира во секторот сателитски мрежи, но владата во Пекинг во 2014 година го отвори и за приватните вложувачи. Компаниите покажаа голем интерес, некои со поддршка на локалните власти, се насочија главно на изработување сателити. Други, пак, се обидуваат да изградат мали лансирни возила, вклучително и ракети за повеќекратна употреба.
Кина во најновиот петгодишен план за периодот до 2025 година најави интегрирана мрежа од сателити за комуникација, далечински испитувања и навигација. Кина во моментов има над 400 сателити, вклучително и оние во сопственост на комерцијалните компании, според локалните медиуми.