Кинескиот производител на паметни телефони „Xiaomi“ го престави во вторникот новиот модел мобилен уред „Mi 9 Pro 5G“ со технологија за брзо безжично полнење, кое овозможува целосен капацитет на батеријата за 69 минути.
Како што наведува интернет-порталот The Verge, за разлика од претходните модели, новиот го поддржува мрежниот стандард од петтата генерација (5G). Уредот е опремен со чипсетот Snapdragon 855+ и OLED екран со дијагонала од 16,5 сантиметри.
Цената на моделот „ Mi 9 Pro 5G“ ќе се движи од 520 до 605 американски долари, во зависност од конфигурацијата. Продажбата на првата серија од овие паметни телефони ќе започне во Кина.