Кинескиот суд денеска ја отфрли жалбата на канадскиот државјанин Роберт Шеленберг на смртната казна, на која беше осуден поради шверц на дрога.
36-годишниот канаѓанец беше уапсен во 2014 година за обид да прошверцува 227 килограми метафетамин од Кина во Австралија, беше осуден на 15 години затвор во ноември минатата година, но, по жалбата, судот го осуди на смрт.
Канадскиот амбасадор во Кина Доминик Бартон денеска ја осуди одлуката на кинескиот суд со која беше потврдена смртната казна за Шеленберг и повика на помилување, пренесува „Ројтерс“.
Амбасадорот им рече на новинарите дека Канада останува длабоко загрижена за произволната употреба на смртна казна од Кина.
Бартон рече дека не е случајно што Кина одлучи за жалбата на Шеленберг во време кога во Канада е во тек тужба против извршниот директор на „Хуавеи“, Менг Ванж.