Кинеските воздушни маневри го загрижуваат Тајван

Кина во вторникот испратила 28 воени воздухоплови во таканаречената идентификациската зона на тајванската воздушна обрана (ADIZ), соопшти во средата тајванското министерство за одбрана, додавајќи дека станува збор за досега најголемиот ваков упад во зоната која Тајван ја смета за свој простор.

Бројот на кинеските борбени авиони кои во вторникот навлегле во ткн тајванса зона ADIZ, која Пекинг ја смета за пространство на кое полага параво, според оваа информација го надминува претходниот рекорден број од 12-ти април годинава, кога стануваше збор за 25 авиони.

Кинеските маневри се изведени само неколку дена откако на самитот на Г7, западните земји ја истакнаа важноста на мирот и стабилноста во областа на Тајванскиот тенец предупредувајќи на закани од Кина кон Тајван.

Во средата тајванската службена Централна новинска агенција (CAN) го цитирапе порптаролот на Пентагон, Џон Сапли, дека сѐ поголемите воени активности на Пекинг во близина на Тајвин се дестабилизирачки. Рекол и дека „морот, безбедноста и стабилноста во индопацифичкиот регион во интерес на САД“.

Официјалните односи меѓу централната влада во Пекинг и властите во Тајпеј се прекинати во 1949 година, кога силите на Куомитангот, предводени од генералот Чанг Кај-шек, поразени во граѓанската војна со Кинеската комунистичка партија, се префрлија на островот Тајван. До 1971 година, кинеското место во ОН го заземаше Република Кина (Тајван), а до денес ја признаваат само 14 членки на ОН, како и Ватикан, како најзначаен меѓународен субјект кој одржува службени дипломатски односи со Тајван. Државите не може да имаат официјални односи истовремено со Кина и со Тајван, како што беше случајот со Македонија кон крајот на 1990-те и почетокот на 2000-те години.

Пекинг ги критикува односите на другите земји со Тајван, кој го гледа како своја покраина. Кинеските власти редовно протестираат и бараат од Вашингтон цврсто придржување на политиката на „една Кина“, а Тајван го сметаат за своја одментната покраина. Кинеските власти постојано остро ги критикуваат американските планови за вооружување на тајванската армија.

Деловните и неформалните контакти меѓу Тајван и континентална Кина беа обновени кон крајот на 1980-те години. Од почетокот на 1990-те години, пак, двете страни почнаа да комуницираат преку невладини органиации: пекиншката Асоцијација за развој на односите преку Тајванскиот теснец и Фондацијата за размена преку теснецот во Тајпеј. Пекинг, меѓутоа, не се откажува од обединувањето на Тајван со Кина, при што не ја исклучува ниту употребата на сила.