Кинеско село во карантин поради чума

Локалните власти во кинескиот регион Внатрешна Монголија ставиле во карантин село во кое локален жител починал од цревна чума, соопштија во четвртокот здравствените власти.

Кинеските лекари го регистрирале смртниот случај од цревната форма на чума во жителот на хошунот (селски округ) Дархан Миниган, во округот на градот Баоту во северниот автономен регион Внатрешна Монголија.

Поради тоа, како што информираат, локалните здравствени власти, изолирале 35 лица кои контактирале со починатиот. Тие засега се негативни на тестовите за болеста и превентивно им се даваат лекови.

На територијата на селскиот округ е воведен вториот најнизок режим на зголема епидемиолошка опасност во врска со поренцијално постоечка закана од локална појава на чума и таа ќе биде на сила до крајот на 2020 година, се наведува во соопштението на властите.

Во степските зони во северна Кина, како и во соседна Монголија, повремено се пријавуваат случаи на инфекција со чума. Во споменатиот случај властите велат дека пациентот имал „цревна чума“ чии симптоми вклучуваат пролив, силни болки во абдоменот и температура. Најчесто причина за тоа е што локалното место во исхраната користи и месо од глодари, кои ја пренесуваат заразната болест која се означува и како бубонската чума.

Претходно годинава случаи на зараза на луѓе со ткн бубонска чума беа регистрирани во Кина и Монголија.

Властете во урбаниот округ Бајан-Нир во автономниот регион Внатрешна Монголија на северот на Кина, објавија на почетокот од јули режим на зголемена опасност од епидемија, откако еден пациент примен во локална медицинска установа имал сиптоми вообичаени за инфицирани со бубонска чума.

Истата седмица во соседна Монголија потврдија смртен исход по зараза со бубонска чума на 15-годишно момче во провинцијата Гов-Алтај на југозападот од земјата.

Бубонската чума главно се јавува кај глодарите, но во некои случаи може да се пренесе и на други видови, вклучително и на домашните мачки и кучиња, а повремено и на луѓето.