Кипар ќе ги одзема државјанствата доделни во замена за инвестиции

Кипар во средата го започна процесот на одземање на кипарското државјанство за 26 лица кои го добиле според шемата „пасош за инвестиции“.

„Владата одлучи да го започне процесот на одземање на кипарското државјанство за 26 луѓе“, изјави министерот за внатрешни работи Константинос Петридес.

Не ја откри националноста, ниту идентитетот на лицата на коишто се однесува оваа мерка, ниту, пак, зошто точно таа се спроведува.

Агенцијата Reuters во октомври објави дека богатите роднини и приврзаници на камбоџанскиот премиер Хуин Сен добиле кипарски пасоши според споменатата шема, што овој го негираше.