Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го дефинира списокот за бараж-дуелот против Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025 година. Лазаров ги објави имињата на 20-те ракометари на кои ќе смета, а тука се и имињата на резервните играчи.
Македонија и Фарски Острови првата пресметка ќе ја имаат на 8 мај, на теренот на противникот, а реваншот е закажан четири дена подоцна во Скопје, кога и ќе биде познат патникот на следниот ракометен Мундијал. Собирот на македонската репрезентација е закажан за 3 мај.
Лазаров се реши за тројца интернационалци во Никола Митревски (Порто), Филип Талески (Бенфика) и Никола Костески (Плзен).
Покрај нив, останатите доаѓаат од домашното првенство, односно од Вардар, Еурофарм Пелистер и од Алкалоид. Тука се, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Цветан Кузмановски, Петар Атанацијевиќ, Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Марко Митев, Дамјан Митев, Иван Џонов, Филип Кузмановски, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис, Никола Маркоски и Михаил Аларов.
Фото: РФМ