Киргистан и Таџикистан меѓусебно се обвинуваат за напади со тешко вооружување

Киргистан и Таџикистан во петокот меѓусебно се обвинија за користење на тешко вооружување, како што се тенкови и артилерија, во судирот на границата во кој досега загинале најмалку три лица а ранети се уште 27 луѓе.

Киргистанските погранични сили тврдат дека силите на Таџикистан повторно стрелале на неколку нивни позиции на спорната планинска граница, како и дека притоа користеле тенкови, оклопни борбени транспортери и минофрлачи.

Таџикистан, пак, ги обвинува силите на Киргистан за гранатирање со тешко вооружување на неговите позиции и седум села на источниот дел од границата, познат по сложената етничка географија којашто минатата 2021 година резултираше речиси со отворена војна, која беше спречена со силен дипломатски ангажман на Русија.

Властите на таџикистанскиот град Исфаре објавија дека загинал еден цивил, а уште тројца се ранети. Киргистан, пак, извести за 18 повредени во текот на ноќта кон петокот во јужната провинција Баткен, каде што е енклавата Ворух,

Министрите за надворешни работи на двете земји разговарале за спорот, објави владата во Бишкек, но силата на границата тврдат дека примирјето веќе пропаднало.

Гувернерите на соседните покраина на двете држави би требало да се сретнат на границата во нови обид да постигнат мир, а ќе се одржат разговори и меѓу челниците на двете безбедносни служби.

Истовремено киргистанскиот претседател Садир Жапаров и таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон престојуваат на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС – SCO) во Самарканд во Узбекистан, каде што во четвртокот присуствува на заедничкото фотографирање со другите учесници, меѓу кои и рускиот и кинескиот претседатели Владимир Путин и Кси Џинпинг.

Судирите на непрецизно одредената граница при распадот на поранешниот Советски сојуз се чести, но вообичаено брзо се решаваат. Двете држави имаат руски воени бази и одржуваат блиски односи со Москва којашто повторни покрена дипломатска активност за надминување на конфликтот. Многу аналитичари последните непријателства го сместуваат во контекстот на тековната руска воена акција во Украина и одржувањето на самитот на ШОС во кој водечките улоги ги имаат Кина и Русија, и во моментот кога челниците на Киргистан и Таџикистан не се во земјата.