Ќе ни дојде ли Клара?

Циклонот Клара кој минатиот период беснееше над западна Европа од утре доаѓа во средиштето на стариот континент и средното Средоземје, веќе се приближува и кон Балканскиот полуостров, а нема да ја одмине и Македонија.

Според предвидувањата на метеоролозите, оваа појава треба да донесе наоблачување, поинтензивни врнежи од дожд и намалување на температурите.

Европската метеоролошка станица за утре издаде метеоаларм, според кој цела Македонија е ставена во жолта алертна фаза, метеоролозите уште за вечерва најавуваат зголемување на облачноста и услови за врнежи од дожд. Вторник ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Слаб ветер од променлив правец, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 12°C до 23°C, а дневните температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 23°C до 33°C. УВ индекс 4.

За утре и Европската метеоролошка станица издаде метеоаларм во кој цела Македонија е ставена во жолта алертна фаза.Врнежи од дожд се очекуваат се до крајот на неделата