Ќе се екстрадира ли Перковиќ во Германија?

Денеска ќе биде познато дали Јосип Перковиќ, поранешен висок функционер на југословенската, а подоцна и на хрватска УДБА, ќе биде екстрадиран во Германија, каде што се бара поради сомнеж дека учествувал во убиството на хрватскиот емигрант Стјепан Ѓурековица во 1983 година, во близина на Минхен.

Одлуката треба да ја донесе Советот на Жупанскиот суд во Загреб, на која Перковиќ ќе има право на жалба во рок од три дена. Адвокатот Анте Нобило најави дека доколку таа одлука биде неприфатлива за неговиот клиент, тие ќе ги преземат сите правни чекови, вклучувајќи ја жалбата до Уставниот суд.

Перковиќ беше уапсен на први јануари, само неколку часа откако во Хрватска стапи на сила законот за европски потерници, а од притвор е пуштен бидејќи судијата при одредување на притворот не ја образложил одлуката.