Традиционалната манифестација „Матурска парада 2014“ ќе се одржи утре со почеток во 11:45 часот, на плоштадот „Македонија“.
Манифестацијата „Матурска парада 2014“ во која ќе се вклучат околу 1.200 матуранти од Скопје и ќе го одиграат танцот квадрил, ќе ја отвори градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.