Кјетил Јансруд златен во супер веле слалом

Норвежанецот Кјетил Јансруд е новиот олимписки шампион во супер веле слалом.

То јпатеката на Зимските олимписки игри во Сочи ја мина за време од 1:18.14 минути и беше за 30 стотинки побрз од Американецот Ендрју Вајбрехт. Бронзениот медал го поделија Канаѓанецот Јан Худек и Американецот Боде Милер, кои задоцнија по 57 стотинки зад победникот.

Интересно е дека Кјетил Јансруд. кој е голем фан на Ливерпул, го побара од организаторите стартниот број „8“, во чест на капитенот на „црвените“, Стивен Џерард.