Клековски: Ќе биде погубно за Македонија ако се оди на избори на кои нема да учествува опозицијата

Аналитичарот Сашо Клековски смета дека за Македонија ќе биде погубно ако се оди на избори кои нема да бидат фер и демократски, со согласност и учество на главните политички ривали, запрашан дали избори без опозицијата е реално можно сценарио.

Клековски, во емисијата “360 степени“ која се емитува на Алсат телевизија, истакна дека Македонија има примери кога избори се одржувале без учество на главни политички ривали при што ги спомена изборите од 1994 година кога ВМРО-ДПМНЕ и ЛДП одлучиле да не учествуваат на изборите и кои после тоа многу лошо се одразиле верз СДСМ.

– Ние сме имале таков случај. Тоа беа изборите 94-та година, кога ВМРО-ДПМНЕ и ЛДП донесоа одлука да не не учествуваат поради масовно кршење на изборните правила. И на крај тоа заврши лошо по СДСМ и се надевам дека сите ќе извлечат поука од тоа искуство. Мислам дека за Македонија ќе биде погубно да оди на избори кои нема да бидат фер и демократски со согласност на главните политички ривали, рече Клековски.

Неопходен е консензус за одредување на датумот бидејќи, појасни Клековски, ова се избори кои што се договараа заеднички од најголемите политички, ова се избори чие што одлагање се договори помеѓу сите политички партии и соодветно на тоа, сите политички партии да го договорат новиот датум.

Ако навистина, како што декларираат преговарачките страни, дека јавното здравје им е најважно, тогаш смета Клековски, партии треба да ги земат во предвид мислењата на експертите кои велат дека за за има избори треба 14 дена процентот на ново дијадностицирани на Ковид-19 да биде под 5% од вкупниот број направени тестови.

– И едната и другата политичка партија декларираат дека им е важно јавното здравје. Ако е така, тогаш очекувано е, за мене, двете политички тартии да ги обзнанат критериумите со кои се докажува дека Македонија е надвор од опасност на корона вирусот. А и заменик министерот за здравство, пред недела дена, кажа дека за да можеме да зборуваме за избори треба, најмалку 14 дена на имаме ново дијагностицирани на Ковид-19 од вкупниот број направени тестови. Затоа, неопходно е, доколку јавно здравствените интереси се примарни, да во моментот на носење на одлука да имаме 14 дена на намалување на бројот на позитивни тестови од вкупниот број направени тестови, констатираше Клековски.