Кличко ќе учествува на претседателските избори во Украина

Лидерот на украинската партија „УДАР“, Виталиј Кличко изјави дека ќе учествува на предвремените претседателски избори, кои ќе се одржат во Украина на 25 мај, пренесе „АФП“.

„Ќе бидам еден од кандидатите. Убеден сум дека мора да ги промениме целосно принципите и правилата на игра во Украина, мора да ја повратиме правдата во земјата“, изјавил Кличко денес.