Клима уред предизвика пожар во министерството за образование

Клима уред предизвикал пожар утринава во  Министерството за образование. Пожарот избувнал околу  7.45 часот, непосредно откако на работа дошле вработените во министерството на булеварот Св. Климент Охридски.

Веднаш интервенирала екипа на противпожарната бригада со едно возило и  тројца пожарникари. Пожарот е ставен под контрола, а опожарена е површина од 20 квадратни метри.