Климатски активисти на италијанското движење „Последната генерација“ (Ultima Generazione) биле одвлечени во петокот од припадниците на обезбедувањето спречувајќи ги во налудничавиот обид да ги залепат своите раце врз уметничкото ремекдело „Пролет“ (Primavera) на Сандро Ботичели во фирентинската галерија „Уфици“.
Секој од активистите притиснал една дланка врз сликата кога интервенирало обезбедувањето во славната галерија во Фиренца.
Сликата е инаку прекриена со заштитно стакло, коешто и доколку активистите успеале во својата бизарна намера, би го спречило оштетувањето на ремекделото старо 650 години и едно од најпознатите, соопштија од галеријата.
Активистите од движењето „Just stop oil“ (Запрете ја нафтата) во рамките на неолибералните исклучиви политики на тероризирање, преземаат „демонстративна тактика“ со лепење на рацете врз уметнички дела во галериите низ светот за да „предупредат на загрозеноста“ на природата, и најчесто бираат дела коишто ја величаат нејзината убавина.
На почетокот од јули двајца активисти против фосилните горива ги залепија рацете на рамката на делот „Праски во цут“ на Винсент ван Гог во галеријата „Кортолд“ во лондонски Ковент Гарден.
Активистите, од групата за климатски активисти „Ultima Generazione“, објавија дека дека оваа акција е првата во „новата сезона акции“ насочена кон музеите. Се чини дека е инспирирана од активистите на „Just Stop Oil“ во Велика Британија кои неодамна спроведоа слична кампања на протести во уметничките галерии.
„Ultima Generazione“ започна со ваквите акции во Италија од декември, кога ги блокираа патиштата околу италијанската престолнина Рим. Таа е една од бројните активистички групи што се појавија низ Европа, како и во Канада и Австралија, инспирирани од тактиката на „Insulate Britain“, чии протести за блокирање на патиштата околу Лондон и југоисточна Англија предизвикаа огромни нарушувања и поттикнаа национален разговор за климатските промени и домашна изолација.
Групациите како „Insulate Britain“, „Just Stop Oil“ и „Ultima Generazione“ се финансирани од Фондот за климатски итни случаи со седиште во САД, коешто се промовира како „филантропски фонд формиран за канализирање пари за насочување кон активистички групи“, кои во многу земји се доживуваат и како протагонисти на обидите за наметнување нов едномислечки систем и ткн „култура на бришење“.