Клиника за хематологија: Успешно спроведена несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки

26

Универзитетската клиника за хематологија во Скопје денеска информира дека успешно е спроведена уште една несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки.

-Ни претставува задоволство да ги информираме сите пациенти и корисници на здравствени услуги во земјава дека со вонреден напор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за хематологија-Скопје, и покрај бариерите поради Ковид-19, беше успешно спроведена уште една несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки, се наведува во соопштението на Клиниката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.