Клиниката Жан Митрев додели уште 80 ваучери за бесплатни педијатриски прегледи на новороденчиња од Општина Центар. Ова е веќе третпат годинава како се доделуваат ваучери за бесплатни прегледи за семејствата од оваа општина кои годинава добиле дете и досега се поделени вкупно 300 ваучери.
Доделувањето на ваучерите е согласно меморандумот за соработка што клиниката го има потпишано со Општина Центар и е традиционална активност која се одвива веќе пет години по ред. Со ваквата грижа Клиника Жан Митрев придонесува за безгрижен и здрав развој на новороденчињата и ги советува родителите за понатамошниот правилен развој.
Ваучерот може да се искористи во следните 3 месеци од доделувањето. Педијатрите на Клиника Жан Митрев ги очекуваат родителите да закажат преглед за своето бебе на телефонскиот број 02 3091 484.