Клинтон со поголем трошок за кампањата од Трамп за 645.000 долари повеќе

Кампањата Клинтон имала најскап месец досега во август – 12 милиони долари повеќе отколку во јули. Таа и Демократската партија во август потрошиле 78 милиони долари додека Трамп и Републиканскиот национален комитет потрошиле околу 47 милиони долари.

Клинтон во август покрила 11 сојузни држави со 35.714 тв-реклами додека 7.457 реклами на Трамп се емитувани во пет сојузни држави.

Тимот на Клинтон има околу 800 луѓе за кои минатиот месец се одвоени околу 5 милиони долари. Трамп има околу 130 вработени во кампањата и повеќе од 100 консултанти.