Клиперс ги надиграа Маверикс, Дончич повреден

Коларкарите на Лос Анџелес Клипер ги совладаа Далас Маверикс со 130:122 во третиот меч од првиот круг на плеј-офот во НБА лигата во Западната конференција, и поведоа со 2-1 во серијата до четири победи.

Најдобар играч на натпреварот беше Каваи Лонард со 36 коша, 9 скокови и 8 асисетнции. Лендри Шамет за побединиците додае 18 поени, Маркус Морис 14, а Монтрезл Хрел 13 коша.

Далас со 34 поени и 13 скокови ги предводеше Латвиецот Кристапс Проѕингис. Маверикс пред крајот на третата четвртина останаа без Лука Дончич, кој го повреди левиот скочен зглоб. Словенечкиот кошаркар се обиде да се врати на теренот во четвртата четвртина, но видно накривнувајќи сепак се врати на клупата и повеќе не влезе во игра. До тогаш постигна 13 коша и 10 асистенции.

По мечот Дончич изјави дека повредата не е толку сериозна, и дека имал среќа што не е повреден десниот зглоб. Дали ѕвездата на Далас и воопшто на оваа сезона во најсилната кошаркарска лига на светот ќе може да ига во недела, ќе биде познато по прегледот кој ќе биде изведен во сабота. На Далас не му оди во прилог и тоа што неделниот дуел е во ткн ран термин, односно во 21,30 часот по средноевропско време.

На Запад со 2-1 поведоа и Јута Џез во соочувањето со Денвер Нагетс, со убедливата победа од 124:87. Ова е втора победа во низа на Џез во која повратникот во „балонот“ Мајк Конли постигна 27 коша. Руди Гоберт царуваше во рекетите на двете страни со 24 поени и 14 скоковои. Донован Мичел за победниците додаде 20 коша, а Џорџес Нианф беше изненадувањето од клупата со 16 коша.

Кај Нагетс, пак, само тројца играчи имаа двоцифрен ефект. Никола Јокиќ постигна 15 поени, Џамал Мареј 12, а кога мечот веќе беше решен Бол Бол додаде 11 поени.

Во Источната конференција актуелните шампшиони Торонто Рапторс, како и Бостон Селтикс се на чекор до меѓусебен судир во вториот круг.

Третата последователна победа Рапторс ја остварија во првиот меч во петкот вечерта со убедливи 117:92 над Бруклин Нетс.

Паскал Сиекам беше најефикасниот кај Рапторс со 26 коша, Фред Ванвлит додаде 22, а додека ветеранот Серж Ибака кој не беше во почетната петорка додаде 20 поени со 13 скокови. Кај ослабените Нетс, кои во Орландо настапуваат без Кевин Дурант и Кајри Ирвинг, а во однос на вториот дуел и останаа и без Џо Харис кој го напушти „балонот“ од лични причини, најефикасен беше Тајлер Џонсон со 23 коша. Карис Леверт постигна 15, Крис Кјоза 14, а Тимоте Луваву-Кабарот додаде 10 поени.

Дуелот меѓу Бостон Селтикс и Филаделфија 76ерс беше решен во последните две минути, во кои 76ерс влегоа со предност од 94:92, но Селтикс со серија 10:0 дојдоа до конечните 102:94 и третата победа во серијата. Кемба Вокер на почетокот од последната минута погоди од дистанца за 98:94, а до крајот на мечот Маркус Смарт ги реализираше сите четири слободни фрлања.

Вокер со 24 коша, 8 скоковии и 4 асистенции беше најдобар кај Селтикс во сите три статистички категории. Џејлен Браун постигна 21 кош, Џејсон Тејтам 145, а Маркус Смарт 14 коша. Џоел Ембид со 30 поени и 13 скокови ја предводеше Филаделфија, но од игра погоди само 7 од 20 шутови. Тобијас Херис додаде 15 поени и 15 скокови.

Веќе во недела Селтикс и Рапторс може да ја завршат серијата и да се пласираат во вториот круг, во кој меѓусебно ќе се борат за место во конференциското финале.