Клиперс надоместија 31 кош разлика и ги шокираа Вориорс

Лос Анџелес Клиперс ноќта кон вторникот со изненадувачки 135:131 ги совладаа Голден Стејт Вориорс во вториот дуел од плеј-офот во Западната конференција во НБА Лигата.

Со победата во Окленд, Клиперс израмнија на 1-1 во серијата до четири победи, а особено за одбележување е што успеаја да го анулираат водството од 31 кош на домашните Вориорс. Ниеден тим во НБА досега не успеал да надомести толку големо заостанување од дури 31 кош, односно од 2000 година кога почнаа да се водат ваквите статистички податоци.

На почетокот од третата четвртина Голден Стејт имаа водство од 94:63 и се чинеше дека лесно ќе стасаат до втората победа во серијата. Меѓутоа, Клиперс успеаја да се вратат во третата делнициа кога постигнаа 44 коша и стасаа на 94:108 за во последната четвртина да сосема да им се приближат на Вориорс и на крајот да победат.

Победата на Клиперс им ја донесе Лендри Шамет кој погоди „тројка“ на 16,5 секунди до крајот по што Монтрезл Харел искориси две слободни фрлања. Стеф Кари не погоди „тројка“ за Вориорс 9 секунди пред крајот, а Кајли Томпсон на 3 секунди до крајот.

Покрај поразот Голден Стејт синоќа останаа и без центарот Демаркус Казинс кој во првата четвртина сериозно го повреди мускулот на левата нога. Серијата сега е израмнета и се сели во Лос Анџелес каде што во четвртокот се игра третиот меч.

Лу Вилијамс ги водеше Клиперс со 36 кошеви, а Харел додаде 25. Кај Вориорс најдобар беше Кари со 29 поени, а Кевин Дјурант додад 21 кош.

Во вториот натпревар од доигрувањето во Источната конференција, Филаделфија 76ерс дома со 145:123 беа подобри од Бруклин Нетс, исто така, израмнувајќи на 1-1 во серијата. Сиксерс сам во третата четвртина постигнаа 51 кош и на почетокот од последната делница водеа со 116:87. Третиот меч е на распоред во четврток во Њујорк.

Џоел Ембид ја предводеше Филаделфија со 23 коша и 10 скокови, додена Бен Сајмонс го впиша вториот „трипл-дабл“ во постсезоната во кариерата со 18 коша, 12 асистенции и 10 скокови. Кај Нетс најдобри беа Спенсер Динвиди со 19 коша и Д’Анџело Расел со 16 поени.