Управата на поранешниот НБА шампион, „Кливленд Кавалирс“ го отпушти тренерот Тајрон Лу по шест порази на почетокот на сезоната. Ланскиот финалист во најсилната кошаркарска лига по заминувањето на Леброн Џејмс има катастрофален старт.
Помошникот на Лу, Дејмон Џонс е именуван за привремен тренер на „Кавалирси“. Лу замина три години порано од постоечкиот договор со скор од 128 победи и 83 порази. Тој го предводеше тимот со Џејмс кој ја освои шампионската титула, а беа конференциски шампиони неколку сезони.