Кливленд повторно без Мичел против Бостон

(Photo by Cooper Neill/NBAE via Getty Images)

Како што најавуваат дел од американските медиуми, Донован Мичел, најдобриот кошаркар на Кливленд Кавалирс, нема да може да настапи ниту на петтата средба од полуфиналната серија на Источната конференција на НБА плејофот.

Мичел го пропушти четвртиот натпревар поради повреди на потколеницата на левата нога, во кој Бостон победи со 109:102 на гостински терен и така стигна до 3-1 во серијата против Кливленд. Ноќта од среда кон четврток по средноевропско време, овие два тима ќе го одиграат петтиот натпревар во Бостон, кои доколку победат можат да се пласираат во финалето на Истокот.

Отсуството на Мичел повторно ќе биде голем хендикеп за Кливленд, бидејќи Мичел во регуларниот дел од сезоната постигнуваше по 26,6 поени по натпревар, а таа бројка дополнително ја зголеми во плејофот каде имаше просек од 29,6 поени по натпревар. Покрај тоа, во плејофот има 5,4 скока и 4,7 асистенции по натпревар.

Од порано Кливленд мора да игра без првиот центар, повредениот Џерет Ален.