Клоп му се извини на Гвардиола откако менаџерот на Манчестер сити беше удрен со парички од трибините

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, реагираше на инцидентот кога навивачите на Ливерпул фрлаа парички кон менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола во натпреварот (1:0) од 11. коло на Премиер лигата.

Германскиот специјалист му се извини на шпанскиот колега.

– Страшно. Навистина ми е жал. Се извинувам за тоа. Не знаев за оваа ситуација. Ова никогаш не треба да се повтори. Никогаш, изјави Клоп по натпреварот.

По натпреварот, Ливерпул го осуди однесувањето на навивачите и вети дека ќе ги најде одговорните. Тие се соочуваат со доживотна забрана за присуство на натпревари нÐ ° „црвените“.