![klop](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/klop.jpg?resize=696%2C342&ssl=1)
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека неговиот тим нема да се засили во зимскиот преоден рок.
– Не се планирани промени за овој преоден рок, нема да има трансфери. Се е во ред со овој состав, изјави Клоп.
Тимот предводен од германскиот фудбалски стручњак на 29 јануари загуби на гости кај Брајтон во шеснаесетинафиналето на ФА Купот (1:2) и е елиминиран од турнирот.
Ливерпул е деветти на табелата во Премиер лигата со 29 бодови од 19 натпревари.