Клоп тврди дека Баерн Минхен е најдобар во целиот свет

И поркар срамната елиминација од Реал Мадрид во полуфиналната рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, контроверзниот предводник на Борусија од Дортмунд, Јирген Клоп и понатаму останува на ставот дека најголемиот ривал од германската Бундес лига, Баерн Минхен го има најдобриот тим во целиот свет.

“Баерн Минхен одигра очајно лошо при прекините. Дефанзивците не беа доволно сконцентрирани. Тука да се бара вината за елиминацијата од Лигата на шампиони. Според мене, Баерн Минхен го има најдобриот тим во целиот свет, но тоа не значи дека Баерн Минхен не може да загуби некој натпревар”, изјави предводникот на Борусија од Дортмунд.