Клучен сведок за убиството на Никола Саздовски денеска ќе дава исказ во ОЈО

Се очекува Основното јавно обвинителство да отвори истрага со поинаква правна квалификација на кривичното дело против тројцата напаѓачи кои го претепаат до смрт младиот навивач на групата Комити, 21-годишниот Никола Саздовски.

Денеска во ОЈО исказ треба да даде клучен сведок кој бил присутен во моментот кога на 29-ти јуни Никола бил брутално претепан на автобуската постојка во Автокоманда.

Тој вчера им подлегна на повредите. За обвинителството се важни исказот на сведокот и резултатите на обдукцијата, по што можеби ќе ја отфрлат правичната квалификација на делото дадена со кривичната пријава на МВР.

Од полицијата вчера информираат дека двајца од тројцата напаѓачи се уапсени и дека им е одредена мерка притвор.