Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност, реагираше на Твитер на вчерашната изјава на министерката за надворешни на Бугарија, Екатерина Захариева дека Македонија треба да признае дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени.
„Замислете Шведска да ѝ го прави тоа на Норвешка. Чесите ова да им го кажат на Словаците. Апсурдно? Да! Тоа е она што го прави Бугарија, уривајќи го кредибилитетот на политиките на ЕУ за Балканот“, пишува Кнаус.
https://twitter.com/rumeliobserver/status/1322679325272006656?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1322679325272006656%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Flokalno.mk%2Fknaus-za-apsurdnite-izjavi-na-zaharieva-zamislete-germanija-da-bara-avstrija-da-priznae-germanski-koreni%2F