Во 2020 година Скопјанка пријавила 453.110.019 денари, односно дури 7,4 милиони евра годишен бруто доход. Од УЈП велат дека доходот е остварен по сите основи од даночната пријава.
Втор на листата на лица со најголеми доходи е исто така човек од Скопје, чии вкупен годишен бруто доход изнесувал близу 5 милиони евра.
На третата позиција е тетовчанец, со доход од 4 милиони евра, а на четвртата позиција повторно има скопјанец со 3,4 милиони евра.
Управата за календарската 2020 година изготвила и доставила пополнета Годишна даночна пријава, за 769.794 граѓани.
Искажаниот годишен бруто доход во пријавите изнесува 331.146.120.469 денари, а пресметаниот данок на личен доход е во износ од и 19.607.095.073 денари.
За 40 021 граѓани утврден е бруто-доход над 1 милион денари, додека најголемиот број на граѓани односно 616.024, оствариле бруто-доход кој се движи од 100 илјади до 1 милион денари. Во однос на 2019 година има зголемување во врвните прагови, односно 11 граѓани во 2020 оствариле над 100 милиони денари а 557 граѓани оствариле приходи во прагот од 10 до 100 милиони денари.