Ко­ја од „Дис­цип­ли­на кичме“ закрепнува од мозочниот удар

Душан Којиќ Која (58), фронтменот на бендот „Дисциплина кичме“, доживеа мозочен удар во Велика Британија после што лекарите го ставиле во индуцирана кома, а тој почнал брзо да закрепнува, а успел и да ја поврати моќта на говорот.

„Неш­то убаво… Конечно… Имаме прекрасни вести од Лондон! На на­ши­от ко­ле­га и прија­тел Ко­ја – Дисциплина кичме, му се вра­ти моќ­та на го­во­рот. Сите ве поздрави! Мислете позитивно, пра­ќа­јте добри вибрации. Да го под­држиме Која да издржи и пот­пол­но да оз­дра­ви. Бла­го­дар­ност до Бил­ја­на Пет­ро­виќ за по­ве­ќе­го­диш­на­та упорност и бор­бата за на­ши­от при­ја­тел. Бла­го­дар­ност до си­те што по­ка­жав­те де­ка се гри­жите. Еј, нè има уште малку.“

Веста ја пренела преку својот профил на Фејсбук пејачката Слаѓана Милошевиќ.

„Мил Којо, ти праќам чисти мисли и добри вибрации“, напишала Милошевиќ.