Кој што го чеша?

Мрежите изпродуцираа навалница на морално, ем етички душебрижници, а власта на пердувчињата и скотоите кои секаде се отпадници во општестввото, им даде легимитет, парамалитет, властитет во шампитата, која милувавте да ја викате така, ама некако ви се затна аналчето вокално, откако дебелите цацкови задници ги смествите таму. Па, нормално е, но она што не е нормално, што глумите доблест, дека сте исправни. Дечки, не секој кој победил е праведник, најмалку вие. И Исус изгуби, го распнаа, ама по некое време, ве победи и духвно и материјално и идеолошки и суштинолошки. Лузери сте и ќе останете. Секако, со мене на чело, ама јас бар знам и сум благодарен за тоа.

Попишанскава паламудачка ми е само мал омнибус без поента, ако ја најдете, најздравје нека вие рисперидонот.

ЈУНИВЕРЗАЛНА

Се приоптресоа што Шиги ќе ја рушел. Дечки пошто секој пришипљенко излезе со мислење за ова, откако ви помина вомитингот и дијарејата, најслатко и најфраерски е да дојдеш задњи на забава, сите гледаат у тебе, така и ја, ко шериф ви улетуем и ви викам: шта има пи*ке? Или некој тоа веќе го кажал? Универзална одувек била говно од објект, реално… но да, налепивме емоции таму оти за подобро и поубаво не знаевме, инаку да бевме некакви градски фаци со некаков граѓански аспект одамна ќе ја срушевме и ќе изградевме нешто поубаво. Па 20 години тој смрдеж и ќенеф е аут и заникаде и мртов и никој ништо, сега ќе го спасувате? Обновување?!? Ќе фрлате тони пари оти вам така ви се сакало? Па, ако е за емоции треба Љунфер Брдо да биде културен дом, мајчин дом и Дом на Просперитеот, колку деца се таму направени? Најбитно е, треба нова сала, но на друга локација, бидеејќи на што личеше она кога има настан, пола партизанска заглавена, а колите г’з преку глава наоколу набутани оти нема место. Ама вам ви било убнаво оти вашиот малограѓански менталитет не е научен на култура, туку турканици, пцуење, бутање… Шиги, руши и разваљуј, ако имаш муда, не биди пуси, ама пред да почнеш започни со нова сала! Локацијата „Треска“ е идеална за нова јуниверзална, и не се занимавај со стока сељачка, направи нешто градско, ќе се навикнат за пар години. Иста ваква багра плукаше и по Ајфелова, денес култ, собери мудата Шиги!

Белата скокалница МОБ

Си го задржувам правото на шпкеулација и мислење дури и погрешно со непреверени факти, бидејќи се базира на сведоштва од луѓе кои биле фактори во општеството. Ако ме давате на суд и ќе кажам чии усмени преавања на сега починати сум ги дознал овие работи (еве како тизер Чичко Ацо). Знам дека постои документи, биро и конкретни луѓе кои ја направиле онаа грозна одвратна и нефукционална зграда која никогаш не разработе како што треба. Имено, ова се преданијата… Проектот бил направен од некои Британци за Саудиска Арабија. Малку забегале, мислеле дека Саудијците се глупи, а пуни со пари, ќе ги преварат. Арно ама, по обичај, оној кој го потценуваш се заебуваш и така, ги дигаат на клоци со се нивниот проект. Во паника се обидуваат да го увалат било каде, арно ама едино во тоа реме СР Мачедоњас била во фаза на потрага на нова зграда, ама морала да биде ултра модерна оти традиција и комунизам не одат заедно, освен ако не е некое бруталистичко ГТЦ говно. Бидеејќи не може капиталистички проект у социјалистичка земја, ни го увалуваат преку јанезите кои се потпишуваат и лапаат провизија и „евала“… имаме зграда во која мачките се најдебели, која никогаш не доби саглам акуститка, несразмерно мала сала за предимензиониран објект, нефункционала архитектура, ниту естетски а, внатрешно крајно нефукнционално. Јас работев многу години во диското МНТ и со саати сме лутале по тоа подземните, полавени, смрдливи мрачни ходници како во играта DOOM, но да не се лажете, апологетите и да се удават у канализацијата таму ќе го бранат оти нивни бил, не дај боже подобро. Јас би се согласил да се сруши и изгради нешто спектакуларно убаво, да се направи ново, подбро и поубаво, на наевидено би потпишал проект, оти стручната ни фела кај нас работи политички, а не еснафски, они се тука само заенџио протести кога нивната партија не е на власт, се’ друго е фекалии.

…И на крај, попишанскава е напишана во стилот на есхолите Тричко, Аналниот, БилиРубин, Јоца, Ина и слична окотна вулгарна новинарска фела. Затоа ако нив им дозволувате, сам си земам за право да се служам со полувистини или можеби и потполни вистини, но без намера да се докажувам било кому.

Му се посрвате на градов, аморфни андрогени.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес