Различни толкувања на правната фела и експертите околу последните случувања и промени во Судскиот совет откако вчера на седница беше прифатена оставката на доскорешниот претседател Сашко Герогиев кој пак по одлука на Управниот суд кој изнесе забелешка дека Дамева била разрешена без конкретно објаснување се повлече од функцијата.
Од Коалицијата „Сите за правично судење“ велат дека со ова се доведува во прашање и легитимноста на одлуките кои и до сега ги носел Судскиот совет додека на негово чело бил токму Георгиев.
Од Блупринт групата за реформи во правосудството пак повикувајќи се и на одолуката на Управниот суд велат дека никаде судот не констатирал грешки во работењето на Георгиев и дека тој само ја испочитувал одлуката за повлекување поради ништовноста на одлуката за разрешувањето на неговата претходничка Дамева.
Во пресудата на Управниот суд вчера, беше наведено дека Судскиот совет не дал образложениe за причините поради кои ја разрешил од функција поранешната претседателка Весна Дамева, не ги навел ниту доказите врз основа на кои е утврдена фактичката состојба како и утврдените факти, кои што согласно фактичка состојба упатуваат на донесување на Одлуката за нејзиното разрешување. Весна Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судски совет во мај минатата година, кога нејзиниот заменик, Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување.
По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд. Ова разрешување го наруши кредибилитетот на Судскиот совет на кој имаше повеќе реакции во јавноста, а беше и испратена Оценска мисија од Европската Унија која изготви 40 препораки за подобрувањето на функционирањето на Судот.