Интензивно разговараме да ги пополниме испразнетите министерски и други места, изјави во средата премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања, по неговото излагање на завршната конференција „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на евро-атлантските интеграции“.
„Штом ќе ја донесеме одлуката и за министерот за здравство и за министерот без ресор за странски инвестиции, замениците, веднаш ќе соопштиме јавно“, рече Заев.
Премиерот рече дека ќе сподели дел од информациите со новинарите, како тоа дека се чека да се пополнат испразнетите пратенички места, по забелешката на новинарите дека неговиот претходен одговор имполицира дела сe’ уште нема одлука за министерот за здравство кое досега го пополнуваше претставникот на Алијансата за Албанците.
„Знаете дека има испразнети пратенички места, коишто треба да бидат пополнети, знаете дека ДИК е во оставка, треба да продолжи да работи додека собранието не ги констатира оставките. Сите овие работи треба да бидат исполнети за да можеме да ги комплетираме правно-формално процедурите, вклучително и за комплетирање на владата“, појасни Заев.
Рече дека е „непоправлив оптимист“ откако беше запрашан за тоа како власта ќе ја вклучи опозицијата која не доаѓа на парламентарните седници.
„Отворена е дебатата, и верувам дека секогаш постои можност секогаш низ дијалог да се најде решение. Јас сум непоправлив оптимист, верувам дека низ разговор се наоѓа решение за се’“ додаде Заев.