KОД открива кој е основачот на компанијата што го доби тендерот за итна хеликоптерска помош

Емисијата Код најавува раговор со: Саша Ѓаковиќ- избран за партнер на владата во хеликоптерско спасување, вели се е на шведски трошок, а имал и пријатели во воената авијација на АРМ.

Свидиш хеликоптер консортсиум е компанија со седиште во шведска Упсала и централа во Гетеборг. Се занимаваат со хеликоптерско спасување и транспорт на повредени.

Имаат еден сикорски хеликоптер за спасување и едно познато име во управувачкиот борд. Саша Ѓаковиќ (сопственик на скопската Сархемс која е избрана на повикот за јавно-приватно партнерство за хеликоптерска итна помош).

Откако неговите адвокати од Скопје не не поврзаа со него, ние успеавме да го најдеме на телефон, на друг крај од планетата, некаде во Латинска Америка, вака започнува најавата на Код.

Главно одбиваше да коментира, но од разговорот се гледаше дека ги следи коментарите по македонските медиуми, стои во најавата за Код. И тој тврди дека државата и граѓаните, проектот нема да ги чини ништо туку дека се ќе биде негова инвестиција. Знаеше дека е избрана фирмата, но не е потпишан договор се уште. Предвидувањата се дека над 300 граѓани може да бидат опфатени со итната воздушна медицинска помош.

Племенита и хуманитарна работа.Шведска компанија заедно со шведско-скандинавски компании, се тука за да се направи. Не правете скандал од нешто што воопшто не е. За тоа нема причина. Само фино Ве замолувам. Да завршиме со договорот, ние сме само избрани на повикот. Да потпишеме договор и сите детали ќе ви ги дадат јас. Затоа што тука нема никакви причини за сомнежи. Ова е нешто што е добро и што носи добробит и за државата и за граѓаните. И без никаков буџет, а ниту граѓаните плаќаат. Еден склоп на друг начин на финансирање, меѓу кои и од Европска Унија. Затоа само Ве молам да го завршиме тоа и потоа на сите ќе им биде мило кога ќе го спасиме првиот живот. Ова е многу скап зафат, такви платформи имаат само 23 земји во светот, од вкупно 189, рече Саша Ѓаковиќ за КОД.

Саша Ѓаковиќ иако е шведски државјанин, некогаш беше државјанин на иста земја како сите граѓани постари од 30 години во Македонија. Роден е во Приједор, Босна и Херцеговина во 1972-ра, помеѓу 1986-та и 1990-та година учи средно воено воздухопловно училиште во Мостар. Продолжува на Воената академија за пилоти на ЈНА во Задар, но поради воениот распад на СФРЈ, Ѓаковиќ се сели во Шведска.

Меѓу кадетите кои учеле со него имал и македонски познаници, а дел од нив вршат и раководни функции во военото воздухопловство на АРМ. Ние веќе знаевме дека пред повеќе од две години тој бил во посета на пријателите од македонската воена авијација, но и дека бил на разгледување на ова место -Центарот за обука на пилоти.