Утринскиот секс ја зголемуваат плодноста, додека вечерниот го намалува стресот по долгиот работен ден. Сексолозите од различни држави составија список со бенефитите од сексот во различни периоди на деноноќието.
Сексот наутро ја намалува опасноста од срцев удар за 50 отсто. Тој исто така ја подобрува и циркулацијата и ги намалува главоболките, болките при артритис и е одличен за превенција од дијабет.
Освен тоа будењето покрај партнерот ја подобрува циркулацијата на крвта и ја зголемува концентрацијата. Со утринскиот секс се лачи и кормонот на среќата окситоцин, кој што ви осигурува добро расположение во текот на целиот ден. Истражувањата го покажуваат истото, дека тој го подобрува имунитетот.
Вечерниот секс, освен што ќе ве опушти по долгиот ден, согорува многу повеќе калории – од 75 до 150 само за половина час.