Македонската влада допрва треба да одлучи кој ќе биде испратен да присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора на 19 септември во Лондон.
Британското МНР веќе испратило писмо до сите странски амбасади во Лондон, вклучувајќи ја и македонската. Нотата содржи детали околу погребот, но не и директна покана.
Останува на државите сами да одлучат на кој начин и на кое ниво ќе го проследат или одбележат овој настан.
Лондон денес треба да достави повеќе информации во врска со погребот. Тоа ќе биде политички настан сличен на погребот на Винстон Черчил во 1965 година, или на оној на Нелсон Мандела.
Освен претседатели и премиери, на погребот ќе присуствуваат и други кралски семејства од светот.