Кои се локалните јунаци во трговијата мало кои не им се плашат и им излегуваат на мегдан на големите трговски ланци? И не само што не им се плашат туку некои од нив имаат и пристојни па дури и добри резултати од работењето. Познато е дека трговијата на мало е најконкурентната економска дејност во која секој ден секој продавач мора да се бори за да го придобие секој муштерија, пишува Фактор.
Официјалните достапни податоци покажуваат дека и за овие градски т.е. локални бизниси има простор „под сонцето“ и дека можат да се справат со силната конкуренција на „тешкашите“ односно големите компании за трговија на мало кои имаат супермаркети низ сите поголеми населени места низ земјава.
Вкупно 30 компании од Штип, Струмица, Струга, Охрид, Тетово, Велес, Свети Николе, Куманово, Гевгелија, Неготино, Прилеп, Скопје и Кавадарци лани на големите ланци супермаркети им „откинале“ ниту помалку ниту повеќе но 200 милиони евра!
Очигледно е дека ширум земјава има храбри и искусни претпиремачи кои знаат да ја добијат и оправдаат довербата на своите соседи и сограѓани.
Следува листа на маркети според градовите во кои работат или од кои потекнуваат (праг за рангирање е приход од најмалку 3 милиони евра во тек на 2020 година).