Кои се најлошите места за секс?

Во канцеларија
Ова место е популарен секс-фетиш и фантазија за водење љубов во него често може да налета некој. Обично ова место е ужасно за оваа намена. Голема е веројатноста да бидете прекинати од некој и еднаш засекогаш да си ја оцрните деловната репутација. Исто така ваквата просторија секогаш потсетува на работа, дневниот распоред, деловната рутина, претстојните задачи, и ја одвлекува од романтиката. Додека играта напредува, без да сакаш погледот ќе падне на дневниот распоред или пак раката ќе ја потпрете на купишта документи и тогаш наместо уживање ќе потонете во размислување уште колку работа имате да свршите до крајот на денот, недела, месец, на годината. Ќе остане ли место за оргазам на такво место?
Во домот на родителите
Тука сексот станува многу експериментален. Сепак секој момент мајка ти може да викне од кујната да го испиеш чајот или пак да те праша нешто. Дури двајцата одамна да сте семејство и да сте возрасни и легитимно е вашето право да имате секс согласно законските и слични основи, едвај би сакале во собата ви да влезе некој од родителите, додека сте одоздола, одозгора или отсрана. Значи сексот во живеалиштето носи повеќе нервоза отколку задоволство.
На плажа во муслиманска држава
Колку и атрактивни и еротски да ви изгледаат овие плажи, да речеме Малдиви, вреди да ги почитувате обичаите во земјата во која гостувате. Дури еротски фотосесии, кои инаку инспирираат за сексуални подвизи, кријат ризик од судски битки, зашто не ги почитувате обичаите и традициите на земјата домаќин. Тоа тешко ќе е корисно за вас и вашиот партнер.
Во тоалетот на ноќниот клуб
На филм сексот во тоалетот на ноќен клуб обично изгледа убаво и особено страстно. Во животот сепак далеку дека е така. Малку е местото тесно е, задушено, валкано … Изборот на пози е ограничен. Цигари чад и гласна музиката едвај се соодветни за сексуално уживање. Неодамна, пак, се појави видео на двојка, снимена како има секс на таков терен. Па, оние кои сакаат брз секс, може и да им се допадне. И, сепак намената на една тоалет е сосема друга.
Во гардеробер во бутик
И тука сексот не е за препорачување. Не верувам дека ќе сакате да бидете прекинати во најважниот или еден од најинтересните моменти. И секако нема да сакате да станете персона нон грата во продавницата каде што обично купувате.
Во лифтот
Лифтот повеќе предизвикува клаустрофобија отколку желба. А освен тоа често ги мешаат со тоалети. Освен тоа, не во сите градови има облакодери, за да успеете да се искачите до најгорниот кат за да имате доволно време за сексуалниот чин. А што ќе правите ако лифтот запира често на катовите?