Според истражувањата кои ги спровел еден онлајн сајт за состанови во Америка, сексуалната самодоверба кај жените го достигнува врвот во раните 30-ти години. За тоа постојат многу причини, а ние ви ги претставуваме најинтересните. Дознајте зошто жените во 30-тите години ја освојуваат титулата најпожелни во кревет.
Прифаќање на сопственото тело
Во текот на 20-те години секој ден стоевме пред огледало и се нервиравте поради својот изглед, жените во 30-те стануваат свесни за постигнувањата и квалитетите и полесно се помируваат со физичките недостатоци. Манекенките и моделите од списанијата и телевизиите претставуваат мерила на анорексичност и убавина, па секоја жена подобро се чувствува во својата кожа.
Сексуална сила
Просечната жена од 30-те години веројатно веќе променила неколку сексуални партнери и се запознала со своите навики и желби во кревет. Знаејќи што може најдобро да ја задоволи, лесно ги открива своите потреби и фантазии и неа не и е незгодно тоа да го побара во интимните моменти. Исто така, ги цени своите љубовни вештини и често ги користи.
Хемија
Нема повеќе нереални очекувања од сопственото тело, жената сама се чувствува сексулано привлечна. А, тоа секако, влијае и на нејзината интимна самодоверба.
Комуникација
По поминати години читања за сексуалноста во магазините и на интернет, на жените повеќе не им е непријатно отворено да разговараат со своите партнери на теми во спалната соба. Од исполнувањето на сопствените фантазии, до враќањето на сексуалните услуги, машко-женската комуникација никогаш не функционирала подобро. Секако на двострано задоволство.
Уживање
Секс со жена во 30-те години повеќе не е докажување, туку уживање. Имајќи повеќе искуство со машкиот менталитет, жените полесно формираат врска и полесно се опуштаат за време на односот. Што е подолго парот заедно, подобро функционира во кревет. А, ако сексуалниот живот ви западне во монотонија, полесно е да се започне разговор за тоа и да се воведат новини кои ќе ве вратат во златните времиња.
Привлечност
Жените во 20-те главно ги заведуваат мажите со својот физички изглед. Но, како поминува времето, доаѓаат личните и професионални успеси поради кои ставнуваат привлечни во нов контекст. Во 30-те повеќе не мораат да играат само на картата на физичката убавина, туку и на развиениот интелект. Тие се самосвесни и храбри, и се чувствуваат сеуште интересни за мажите.
Долги врски
Во триесетите многу жени влегуваат во долгорочни врски, вклучувајќи и бракови. Ова влијае на нивната самодоверба, со оглед на тоа дека на потсвесно ниво примаат пораки дека некој навистина е подготвен целиот живот да го поминат со нив.