Педесетгодишниот Лука Рајиќ, хрватски бизнисмен, сопственик на голем број фирми меѓу кои и познатата млекара „Дукат“ е новиот љубовник на балканската поп дива Северина Вучковиќ, пишуваат хрватските медиуми.
Наводно по раскинувањето со Милан Поповиќ, Северина утеха нашла во прегратката на овој ултрабогаташ од Балканот. Северина фатила вистински „капиталец“, коментираат хрватските медиуми, бидејќи Рајиќ е сопственик на „Лура групацијата“ во чиј состав се неколку компании од Хрватска и Швајцарија.