Уште во раните 1900-ти Зигмунд Фројд, таткото на психоанализата, одлучил да ја информира јавноста дека клиторалниот оргазам е знак на сексуална и психолошка незрелост, а во некои случаи дури и знак на психичка болест.
Но, во тоа никој одамна не верува, а научникот Никол Проз и нејзините колеги неодамна објавија и детално истражување на темна клиторален оргазам.
Старите истражувања се навредливи за жените
Едно истражување објавено во списанието за сексуална медицина, тврди дека жените кои мораат клиторално да се стимулираат за да доживеат оргазам имаат и поголема сексуална желба од оние кои доживуваат оргазам само преку вагинален секс.
„Многу досегашни истражувања тврдат дека жените кои мораат да доживеат оргазам само преку стимулација на клиторисот се психички нестабилни. Тоа е шокантно пред сè, затоа што повеќето жени можат да доживеат оргазам само преку стимулирање на клиторисот. Тоа е како да ги навредувате буквално сите жени.“ – вели Прос
Нејзиното истражување бележело степен на возбудување
Во нејзиното истражување учествувале 88 жени на возраст од 18 до 53 години кои за почеток добиле задача да пополнат прашалници за своето ментално и сексуално здравје. Потоа подложеле на прилично детални интервјуа.
После тоа, морале да погледаат неколку филмови, меѓу кои некои биле класични, а други со сексуална тематика. Додека ги гледале филмовите требале да го бележат степенот на возбудување.
Потоа, секоја од нив морала да се изјасни кога и на кој начин последен пат го доживеала својот оргазам. Најголемиот дел од нив се изјасниле дека оргазмот го постигнале преку вагинална стимулација и стимулација на клиторисот.
Мажите се охрабрени од фројдовата теорија
Повеќето хетеросексуални мажи не сфаќаат зошто на жените им е потребно нешто повеќе од само обична пенетрација за да доживеат оргазам, а фројдовата теорија дополнително ги охрабрувала да веруваат дека жените полесно доживуваат оргазам само со вагинална стимулација.
Но, жените не доживуваат оргазам исто како и мажите. Всушност, постојат многу различни начини како жените можат да дојдат до оргазам
95% од мажите и 57% од жените редовно доживуваат оргазам за време на сексот
Во неодамнешна анкета на 2.300 жени, само 57% од нив се изјасниле дека редовно доживуваат оргазам за време на сексот, додека 95% од мажите редовно доживуваат оргазам за време на сексот.
Дури 38% од испитаничките кои не доживуваат редовен оргазам се изјасниле дека тоа е така затоа што „нема доволно стимулација на клиторисот“.
Жените треба едноставно да се релаксираат и да уживаат
Исто така, се покажало дека жените кои не доживуваат редовен оргазам за време на вагиналниот секс се срамежливи и не им е удобно во сексот да ја вклучат и стимулацијата на клиторисот, односно не се доволно отворени и искрени на тоа прашање.
„Се надевам дека ова истражување ќе им ја даде потребната самодоверба на жените и ќе им покаже дека мораат да се погрижат за својот оргазам“ – заклучува Проз.