Дванаесет жени астронаутки се во составот на американската агенција за вселенски истражувања NASA, и веројатно една од нив ќе биде жената којашто прва ќе зачекори на површината на Месечината до 2024 година, до кога САД најавија дека луѓето повторно ќе бидат испратени на овој природен сателит на Земјата, како и дека меѓу нив една сигурно ќе биде жена.
Кандидатките имаат меѓу 40 и 45 години, имаат различни занимања, а американската вселенска агенција ги избрала меѓу илјадниците пријавени. Да се предвиди која ќе биде избрана да му се придружи на Нил Армстрон во историјата е невозможно, бидејќи поранешните астронаути и експертите за агенцијата AFP велат дека веројатно ќе биде некоја од нив, а не од идните млади сили.
На самите почетоци, NASA регрутираше војници, мажи. Дванаесетте астронаути кои чекореле по Месечината во периодот од 1968 и 1972 година сите биле мажи. Првата Американка во Вселената беше Сали Рајд во 1983 година.
За враќањето на мисиите на Месечината, за што одлуката ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп, NASA вети дека ќе испрати и една жена.
„Не би имала ништо против почетничка. Но има доволно астронаутки кои веќе летале, кои знаат како да реагират во космосот“, вели Ајлин Колинс, поранеша астронаутка која пилотираше и командуваше со вселенските летала во 1990-те години и на преминот од милениумот. „Би било подобро да се испрати некој кој имал најмалку еден лет“, додва Кен Боуверсокс, висок функционер на NASA.
Четири жени меѓу кандидатките би претставувале најдобра рамнотежа меѓу младоста и искуството, оценуваат експертите. На возраст од 40 и 41 година, тоа се поранешната воена пилотка на хеликоптер Ен Мекклејн која до крајот на јуни ќе престојува на Меѓународната вселенска станица (ISS), инженерката Кристина Кох, биологот Џесика Меир и поранешна пробна пилотка на ловецот „F/A 18“, Никола Мен, која учествувала во војните во Ирак и во Авганистан.
Во рамките на вселенската програма „Apollo“, на Месечината меѓу 1969 и 1972 година вкупно се испратени шест мисии со човечки екипаж, а Вашингтон ветува дека САД ќе бидат првата нација којашто во XXI век ќе ги врати луѓето на месечевата површина.