![Hastings_4_380x225](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/Hastings_4_380x225.png?resize=696%2C413&ssl=1)
Случајни минувачи во Велика Британија откриле на плажа речиси тон кокани во проценета вредност од 80 милиони фунти, или 113,3 милиони американски долари, за што властите водат истрага, објави во средата НАционалната агенција за борба со криминалот (NCA), на својата официјална веб-страница.
Во објавата се истакнува дека воодотпорните вреќи со супстанцијата, прикачени на спасувачки елеци, ги пронашле минувачите на плажа во грофовијата Источен Сасекс кои ја информирале за тоа локалната полиција.
„NCA започна истрага откако е откриени речиси еден тон од супстанцијата, за којашто се верува дека е кокаин, на две локации на брегот на Источен Сасекс“, се наведува во соопштението на агенцијата.
Се додава дека земените примероци имаат позитевен резултат за кокаин, а натаму ќе биде спроведена целосна криминалистичка експертиза.
Според процените на NCA, пронајдените 960 килограми кокаин на црниот пазар веројатно чинат 113,3 милиони американски долари. Како потекло на дрогата се претпоставува Јужна Америка, а британските власти очекуваат дека во истрата сигурно ќе се вклучат и меѓународните партнери.