Коке: Барса се победува само со совршен натпревар

Во сабота е на програма дерби натпреварот од 19. коло во шпанската Примера дивизион, дуелот помеѓу водечките два тима на табелата, Барселона и Атлетико (М).

Предноста на домашниот терен треба да биде главното оружје на популарните “јорганџии”, додека сите погледи на најверните фанови на Барса се насочени кон најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси, кој целосно се рехабилитираше од последната повреда и најверојатно ќе биде дел од првиот тим.
Младиот играч за врска од редовите на Атлетико (М), Коке е убеден дека пресметката на “Винсенте Калдерон” нема да се покаже како пресудна кога е во прашање борбата за шампионската титула.

„Искрено, се уште не сме одлучиле каков ќе ни биде пристапот на тој натпревар. Малку сме уморни поради натпреварот кој го одигравме во Купот на Шпанија. Атлетико (М) одигра многу добро на двата натпревара од Суперкупот на Шпанија. Мора да одиграме без грешка во сите 90 минути, мора да ги затвориме сите приоди до нашиот гол, да бидеме компактни во дефанзивата и многу опасни во контра нападите. Мора да дадеме се од себе во секој дуел, мора да им ја земеме топката. Сепак на сите ни е јасно дека тоа е речиси невозможно”, изјави Коке.