
Една жена колабирала на гробиштата во Бутел, друга во Чаир. Со топлото време секојдневно се случуваат колапси, јавува Плусинфо.
Околу пладне две жени се онесвестиле и тоа една на Градските гробишта Бутел, а друга во населбата Чаир. Во двата случаи интервенирале екипи на скопската Итна медицинска помош.
– Нормално, организмот се адаптира на топлото време, но не смееме да се опуштиме. Мора да бидеме претпазливи, особено во најжешкиот дел од денот и да ги следиме упатствата од несаканите последици од сонцето и од горештината. Значи носење лесна облека, пиење доволно течности, престојување под сенка во најтоплиот дел од денот, ако веќе мора да се излезе надвор, вели д-р Марина Сотировска, шеф на смена во скопската Служба за итна медицинска помош, пренесе порталот.
Секојдневно има околу десет колапси.