Колективен имунитет е невозможен, да се прекине со масовното тестирање, велат британски експерти

Делта-сојот на коронавирусот ги намали сите шанси за постигнување колективен имунитет, е заклучија британските експерти, меѓу кои е вклучен шефот на тимот за развој на „Оксфордската вакцина“, која е произведена од „Астразенека“.

Покрај тоа, тие повикаа да се прекине масовното тестирање за да може Велика Британија да почне да живее со ковид, пренесува „Телеграф“.

Истражувачите заклучија пред британскиот парламентарен комитет дека е дојдено време да се прифати фактот дека не постои начин да се запре ширењето на вирусот кај целата популација и дека следењето на луѓето со благи симптоми не помогнало.

Професорот Ендрју Полард, кој го предводеше тимот за вакцини во Оксфорд, рече дека е јасно дека делта-сојот може да ги инфицира и вакцинираните луѓе, што го прави невозможно да се постигне колективен имунитет, дури и со висока покриеност за вакцинација.

Појавата на експертите следеше откако германската канцеларка Ангела Меркел беше прва во Европа што објави прекин на бесплатните тестови во Германија на 11 октомври, со цел да ги охрабри граѓаните да се вакцинираат.

Британското Министерство за здравство вчера потврди дека повеќе од три четвртини од возрасните ги примиле двете дози на вакцината и пресметале дека вакцинацијата спречила 60.000 смртни случаи и 66.900 хоспитализации.

Но, експертите веруваат дека ништо нема да го спречи ширењето на вирусот.

„ Секој што се уште не е вакциниран, ќе се сретне со вирусот во одреден момент. Нема ништо што ќе го спречи преносот на вирусот, така што мислам дека сме во ситуација кога е невозможно да се постигне колективен имунитет и мислам дека нова варијанта ќе се појави од која вакцинираните уште полесно ќе можат да се заразат“, рече Полард.

До неодамна, многумина се надеваа дека зголемувањето на бројот на вакцинирани во Британија ќе создаде некаков имунитет што ќе го заштити населението. Сепак, анализата на Англискиот институт за јавно здравје (PHE) покажа дека кога вакцинираните луѓе се заразуваат, тие можат да бидат исто толку заразни како и невакцинираните луѓе.

„ Концептот на колективен имунитет е неостварлив затоа што знаеме дека инфекцијата ќе се прошири на невакцинираната популација, а неодамнешните податоци сугерираат дека две дози од вакцината најверојатно ќе заштитат само 50 проценти од преносот“, вели Пол Хантер, професор по медицина во Универзитетот во Источна Англија и експерт за заразни болести.