Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ ја шокираше цела Хрватска откако изјави дека бившиот хрватски првак „Риека“ бил резервен клуб на белградските великани Црвена звезда и Партизан, а вистинска „хрватска припадност“ било навивањето за Хајдук и Динамо во последната деценија пред распадот на бивша Југославија.
Ова предизвика жестоки реакции во Истра, особено од нејзините сограѓани од Риека, особено зашто Колинда е риечанка, па одела на мечеви на клубот (во кој моментно член е македонскиот репрезентативец Дарко Велковски).
Прв што ја нападна претседателката беше градоначалникот на Риека, Војко Оберснел, а потоа следуваше серија на напади од фудбалски луѓе од Риека и навивачи.
„Откако од железната завеса со црвен пасош замина на школување во САД, КГК (Колинда Грабар-Китаровиќ – н.з.) ја навреди Риека дека била резервен српски клуб.
Колкав е тој резервоар на глупости? Каде е крајот?“, напишал Обрснел, пренесува Sport1.mk.